DuckDuckGo_Logo_(mid_2014)

DuckDuckGo е алтернативен open source пребарувач познат по тоа што се обидува да го изгради својот углед тврдејќи дека на никаков начин не ги следи вашите пребарувања, како што тоа го прават другите познати, односно Google и Bing. Поголемите пребарувачи во главно го следат вашето пребарување и врз основа на тоа ви овозможуваат порелевантни резултати, односно резултати кои што се направени врз основа на учење на вашите преференции. Се разбира ова е добрата страна на приказната, меѓутоа поради се поголемата загриженост на корисниците за својата приватност, ваквите практики стануваат помалку популарни поради можноста собраните информации да бидат дадени или пресретнати од властите.

Ова се разбира не треба да ги загрижи само луѓето кои што планираат нелегални активности, тука се и новинарите и слични други корисници кои што не би сакале да бидат откриени во работата која што ја извршуваат иако не е нелегална.

Знаејќи ги политиките на кинеските власти и одлуките кои што се донесувани во минатото, меѓу кои и неодамнешното блокирање на Google, не е воопшто чудно што и DuckDuckGo пребарувачот е исто така блокиран. Принципите на кои што е направен и работи овој пребарувач не се нешто кое што е прифатливо за кинеските власти, земја која што е позната по строго контролираниот и цензуриран интернет.

Во Кина се’ уште функционира Bing пребарувачот, кога збориме за поголемите странски, меѓутоа резултатите кои што се прикажуваат се контролирани и филтрирани според барањата на кинеските власти.

Сепак, причините за блокирањето се’ уште не се познати, ниту за основачот на DuckDuckGo, Gabriel Weinberg кој што го потврди блокирањето преку неговата Твитер сметка.

Извор: Engadget, Tech In Asia

Претходна статијаMicrosoft со DirectX 11.3 нуди подобрување во ефектите
Следна статијаGoogle започнува да вози по македонските патишта за Street View
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.