Instagram Stories добија функција која веќе одамна е достапна и стандардна кај обичните објави на мрежата, како и на Facebook. Се работи за можност за преведување на текстот во Stories, а на корисниците истото ќе им биде понудено доколку текстот е напишан во друг јазик од тој на кој му е наместена мрежата на корисникот.

Преведувањето ќе биде овозможено од 90 јазици, а исто како кај обичните објави, корисникот се што ќе треба е да притисне на копчето за превод кое ќе биде достапно по потреба, по што ќе му биде прикажан преведениот текст.

Од Instagram истакнуваат дека преводот е достапен само за текстот во Stories, но не и за звукот, односно кога има некое видео кое е на јазик кој корисникот не го разбира, тоа нема да може да биде преведено.

Оваа нова можност им е достапна на сите корисници во светот и веќе е почнато со нејзиното пуштање.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДЗИС бележи раст од 31% за заштита на трговски марки и 7,9% за патенти во првата половина од 2021
Следна статијаPetal Maps сега е достапна за паметните часовници од серијата HUAWEI WATCH 3
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.