Можноста за објава на видео во живо на Instagram веќе нема да им биде достапна на сите корисници. Истата ќе биде недостапна за тие кои имаат помалку од 1.000 следбеници.
Информацијата за ова им е пуштена на корисниците со јавни профили кои се обиделе да објават видео во живо, по што биле информирани дека само јавните сметки со над 1.000 следбеници ќе можат да го направат тоа.
Од Meta оваа одлука ја објаснуваат со целта да се овозможи подобро искуство за креаторите, но јасно е дека се поставува некаков праг на „популарност“ за да може да се користат сите функции од мрежата.
Според информациите, иако засега оваа промена ја гледаат корисниците со јавни профили, истото правило ќе важи и за тие со приватни профили.
Објавата на видео во живо станува можност само за тие кои имаат нешто поголема популарност, па од Meta очигледно не сакаат сите да можат да ја користат.
Немам претстава колку често се користи оваа функција од страна на помалите корисници, па колку оваа одлука ќе ги погоди.