Фото: Shutterstock.com

Главниот во Meta за Instagram Адам Мосери, преку неговиот Threads профил, објави дека на мрежата започнуваат со тестирање на „dislike“ копче за коментарите. Тоа значи дека дел од корисниците ќе го видат новото копче, а доколку биде донесена одлука за воведување на оваа функција, истото ќе им стане достапно на сите корисници. 

„Некои од вас можеби виделе дека тестираме ново копче до коментарите на Instagram – ова им дава на луѓето приватен начин да сигнализираат дека не се чувствуваат добро за тој конкретен коментар.“– стои во дел од објавата.

Со ова може да се види дека од Meta продолжуваат со нивните стандардни практики, иако изминатите месеци Марк Закерберг сакаше да истакне колку тие се промениле. 

Поставувањето на копче кое ќе го користат луѓето кои не се чувствуваат добро за некој коментар, додека постои можноста да се пријават навистина проблематичните, веднаш е јасно колку ќе може да биде злоупотребено. 

Мосери истакнува дека никој нема да може да види кој го има притиснато „dislike“ копчето, ниту ќе биде достапна бројка. Целта на ова копче ќе биде прилагодување на системот за рангирање на коментарите, па тие кои имаат повеќе негативни „гласови“, ќе бидат поставени подолу во листата на коментари. 

Со оваа новина Мосери се надева дека коментарите на Instagram ќе бидат попријателски, нешто кое често го форсираат од компанијата. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMeta влегува во трката за хуманоидни роботи
Следна статијаПовторни најави за пуштање на Music Pro претплатата од страна на Spotify, сега за оваа година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.