Иако Instagram е друштвена мрежа преку која се споделуваат слики и кратки видеа, сепак корисниците секогаш имаат нешто дополнително да кажат. Тоа може да се види и од моменталните Stories на кој не ретко има краток текст.

Instagram изгледа планира да им овозможи на корисниците уште подобро изразување преку нивните Stories, овозможувајќи објава составена само од текст.

Позадината на текстот може да биде во една боја или повеќе, а можно е и прикачување на слика како позадина. Достапен е избор од неколку фонтови, по што „приказната“ се објавува исто како и другите.

Моментално оваа можност е во тест фаза, односно достапна е за ограничен број на корисници. Дека воопшто се тестира оваа можност имаат забележано дечките од TNW, кои и ја пренесуваат новоста.

Во продолжение можете да видите како ќе изгледа новата можност во Stories, која ќе биде достапна преку камерата, како и другите сегашни можности.

Извор: TNW

Претходна статијаFacebook ќе прашува чија пропаганда сакате да ја следите
Следна статијаMicrosoft развива софтвер со кој машините ќе имаат имагинација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.