Една од главните одлики на Instagram Stories, а и на сличните вакви функции кај конкурентите, е кратката достапност на објавените слики и видеа, како и достапноста на посебен дел, но не и на профилот на корисникот.

Поточно, иако верувам дека знаете, се што се објавува на Stories има „рок на траење“ од 24 часа, по што веќе не е достапно за корисниците да го гледаат.

По некоја логика, ова јас лично не го знаев, сликите и видеата кои може да се објават како Stories беа ограничени на старост од максимум 24 часа, за да се задржи концептот на овој дел од друштвената мрежа.

Од оваа недела Instagram го менува ова правило, односно ограничување, па сликите и видеата кои може да се објават како Stories ќе може да бидат и постари.

Како и до сега, доколку не сликате или снимате во моментот на објавувањето, со повлекување нагоре, односно со отворање на галеријата од телефонот сите достапни слики ќе може да се објават во Stories.

Постарите слики кои ќе бидат објавени како Stories, ќе имаат ознака со датата кога се сликани со цел корисниците да знаат дека се работи за постара слика. Оваа ознака, како и другите, ќе може да се преместува, да се менува големината, бојата и слично, но ќе може и да се тргне целосно.

Извор: Instagram

Претходна статијаMicrosoft ги покажа правилата за супер безбеден Windows 10 компјутер и вашиот скоро сигурно не е меѓу нив
Следна статијаGoogle тестира нова апликација за споделување и менаџирање на фајлови на мобилните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.