Instagram најави неколку новини кои стануваат дел од нивната мрежа, па корисниците можат да ги очекуваат веднаш или наскоро во деновите и неделите што следат.
Првата новина е можеби и најдобра и најважна, а истата ја донесува можноста за споделување на веќе објавена содржината на мрежата. Со „reposts“ корисниците ќе можат да ги споделат јавно објавените објави и reels видеа, а истите сега ќе бидат достапни и како уште еден посебен дел на профилот од корисникот.
Од Instagram истакнуваат дека овие објави ќе им бидат предложувани на корисниците, а ќе биде очигледно од каде е дојдена објавата, што значи дека креаторите ќе добијат од оваа новина уште повеќе посетеност.

Втората новина е наречена Instagram map и во основа истата ќе биде нов начин на гледање на објавите, reels видеата и stories. Корисниците ќе можат да гледаат мапа на објави, па покрај објавите, на овој начин ќе можат веднаш да видат каде се нивните пријатели или да откријат интересни места од креаторите кои ги следат.
Споделувањето на содржината ќе биде по избор, а корисниците ќе можат да изберат со кого ја споделуваат нивната содржината.

На крајот, во делот за reels видеа сега ќе биде достапен уште еден „таб“, наречен пријатели преку кого корисниците ќе можат да ги гледаат видеата кој се популарни кај нивните пријатели, кои ги имаат објавено нивните пријатели, видеата на кои тие имаат реагирано или коментирано и слично.
Instagram map новината прво им станува достапна на корисниците од САД, но наскоро се очекува и за останатите.