Фото: Shutterstock.com

Во разговор со Bloomberg во рамките на Bloomberg Screentime конференцијата, главниот на Instagram во Meta, Адам Мосери, изјави дека од компанијата ја разгледуваат можноста нивната апликација да ја донесат и на телевизорите. 

Тој сѐ уште нема што официјално да најави и смета дека форматот на Instagram видеата би функционирал успешно на телевизорите. Според него, штом повеќето веќе гледаат онлајн содржина преку телевизорите, таму треба да се присутни и тие, а требало за ова да размислат и порано. 

„Ако однесувањето и потрошувачката на овие платформи се префрла на телевизија, тогаш и ние треба да се префрлиме на телевизија“, изјави шефот на Instagram, Адам Мосери, во четвртокот на конференцијата „Bloomberg Screentime“ во Лос Анџелес. Тој рече дека компанијата „истражува“ ТВ апликација, но додаде дека сè уште нема што да се објави.

„Би сакале да откриеме како да се осигураме дека ќе се појавиме на привлечен начин на сите релевантни уреди“, рече тој, додавајќи дека посакува компанијата да ја има истражено можноста за  ТВ апликација години порано. Мосери рече дека верува дека постоечката вертикална видео содржина што веќе е на Instagram може да работи во ТВ формат. Сепак, извршниот директор рече дека не е заинтересиран за лиценцирање на спортски преноси во живо или друга ексклузивна содржина од Холивуд.

Од изјавата може да се види дека Instagram не би биле конкуренција, барем на директна, на сервисите како Netflix, но дефинитивно би навлегле во територијата на YouTube. 

YouTube веќе е меѓу најпопуларните апликации на телевизорите, па не е чудо што од Meta размислуваат за влез на овој дел од пазарот. 

Во посебна анализа на оваа новост, исто од Bloomberg, логично се истакнува дека доколку од Meta сакаат Instagram да успее на телевизорите, тие сепак ќе мора да го променат концептот. Од компанијата би морале да ги мотивираат креаторите да прават подолги видеа и во пејзаж формат за корисниците да бидат заинтересирани да ги гледаат. 

Кратки и вертикални видеа според Bloomberg не би биле баш успешни на големите екрани, па ќе видиме дали и во кој правец ќе одат од Meta.  

Од компанијата неодамна ја претставија и првата iPad верзија после години одбивање да го направат истото. Апликацијата директно се отвора на Reels видеата, наместо на објавите од пријателите, што покажува колку е важна видео содржината.

Претходна статијаMeta го откажува развојот на нивните десктоп апликации од Messenger
Следна статијаНовиот М5 чип од Apple донесува посебни подобрувања за работа со вештачка интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.