ifttt

IFTTT сервисот, кој што се изговара како gift само без буквата g, претставува кратенка која што ја објаснува неговата намена. If This Than That или Ако ова тогаш тоа, е навистина корисен сервис кој што ви овозможува да поврзете повеќе сервиси помеѓу себе, односно промената во едниот да предизвика промена во другиот. Овие промени ги креирате во таканаречени рецепти, па можете да направите, на пример, да секогаш кога ќе објавите нова слика на Instagram, таа да биде прикачена во соодветна папка на некој од вашите cloud сервиси.

Од друга страна гледаме дека се повеќе уреди кои што одамна се достапни во домаќинствана, преминуваат во категоријата на паметни уреди со тоа што добиваат интернет пристап, а со тоа можност да бидат контролирани преку компјутер или мобилна апликација. Овој развој на работите наречен Internet of Things сепак е замислен како многу повеќе од обично поврзување на вашата сијалица за апликацијата од мобилниот телефон. Технологијата ќе навлезе во работи кои што се користат во медицината и слични работи, покрај во домаќинствата.

Ова претставува добра шанса за проширување на достапноста на IFTTT сервисот, односно на достапните рецепти. Наместо можноста за креирање на рецепти помеѓу два интернет сервиси, од компанијата планираат таа можност да се прошири со поддршка на новите уреди поврзани на интернет. За таа цел тие имаат собрано повеќе од 30 милиони долари кои што се добиени од страна на Norwest Venture Partners и Andreessen Horowitz компаниите. Со овие средства од компанијата ќе можат да го овозможат својот сервис на физичките уреди поврзани на интернет, како и можеби креирање и на сопствен производ.

Со други зборови, со ова ќе можете да направите рецепт кој што ќе вклучува некој сервис да биде поврзан со вашите паметни уреди во домот. Па така, ќе можете да направите да вашиот клима уред се вклучува секој ден во одредено време, па секогаш кога се враќате дома од работа, вашиот дом ќе биде на саканата температура без потреба од тоа да го оставите да работи цел ден. Можностите се разбира се големи, а и покорисни од еден ваков пример, меѓутоа тоа останува да се покаже со тек на време.

Извор: NYT

Претходна статијаEmoji: Апликација за разговарање само преку emoji икони
Следна статијаIntel го претстави првиот комерцијален осумјадрен десктоп процесор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.