google-logo

Google веќе е број еден пребарувач во светот, а тоа се разбира го одржува со константно подобрување на сервисот, како и дополнителните функции кои редовно ги додава. Веќе сите се имаме научено да тоа што го бараме се довршува самото при внесување на само мал дел од пребарувањето, резултатите исто така се појавуваат пред да ја довршиме реченицата, кратки корисни информации се прикажуваат на десната страна и овозможуваат добивање на бараните информации без отворање на друга веб страна.

Оваа недела Google воведува уште една мала, но корисна функција како дел од резултатите на пребарувањата. Функцијата официјално наречена Structured Snippets, ви дава неколку информации кои што се директно поврзани со предметот на пребарување, веднаш под краткиот преглед на почетокот од статијата прикажан под насловот. Оваа функција ви овозможува да кога пребарувате нешто, добиете многу повеќе информации уште пред да отворите некоја од веб страните кои што се дел од пребарувањето. Ова е посебно корисно кога веќе го имате истражувано тоа што го барате, меѓутоа потребни ви се неколку информации кои што се главни на бараната тема, па немате потреба да ја отворите целата страна, па да ги барате информациите во самата статија.

google-search-ss-1

За најдобро да добиете претстава за што се работи, од Google имаат дадено пример. Да речеме сакате да купите нов фото апарат, па како што тоа и обично го правите, го истражувате тоа што сметате дека ќе ви помогне во вашата одлука преку Google. Истражувањето ве носи до одредена марка на апарат, па истиот го барате со пребарување и внесувате на пример, „Nikon D7100“. Покрај стандардните резултати, под, за почеток, одредени страни, ќе ви бидат прикажани и информациите: Резолуција на апаратот, димензии на екранот, тежина и слично.

google-search-ss-2

Начинот на кој што Google ќе ги вади овие информации е преку алгоритам кој што ќе препознава табели на страната кои што се составени од информации и табели кои што се направени чисто за изгледот на страната. Исто така алгоритмите ќе ја одредуваат важноста и квалитетот на информациите и врз основа на тоа истите ќе бидат прикажани. Како тоа ќе се покаже за повеќето веб страни во пракса, останува да видиме.

Извор: Google, Engadget

Претходна статијаAge of Empires: Castle Siege, мало пакување носталгија
Следна статијаNvidia со GTX 970 и 980 докажува дека Apollo 11 навистина се има спуштено на Месечината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.