logo_cii

Во главно мотивирани од пропустот во OpenSSL софтверот откриен со појавувањето на Heartbleed, поголем број на компании ја започнуваат The Core Infrastructure Initiative, иницијатива која што ќе биде сместена и администрирана од страна на The Linux Foundation. Намената на оваа иницијатива ќе биде да обезбеди средства за одредени open source проекти кои што не успеваат или не можат да ги обезбедат на други начин, а се сметаат за важни за компјутерската инфраструктура во светот.

Токму ваков пример е OpenSSL проектот кој што е користен од голем број на сервиси и компании, меѓутоа е развиван од многу мал број на програмери, а средствата кои што успева да ги собере на годишно ниво не се повеќе од 2.000 долари. Сумата е премногу мала, посебно во сооднос на важноста и користеноста на овој софтвер. Токму за ваквите случаи се формира The Core Infrastructure Initiative, каде што меѓу првите проекти кои што ќе добијат финансиска помош се од OpenSSL. Компаниите кои што се вклучуваат во иницијативата до сега ги вклучува: Amazon Web Services, Cisco, Dell, Facebook, Fujitsu, Google, IBM, Intel, Microsoft, NetApp, Rackspace, VMware и The Linux Foundation.

Screenshot 2014-04-24 21.17.53

Овие компании се имаат обврзано дека ќе обезбедуваат најмалку 100.000 долари годишно во наредните 3 години, што според бројката на вклучени компании до сега гарантира собирање на најмалку 3.9 милиони долари во наредните 3 години. Се разбира сите средства нема да бидат дадени на OpenSSL проектот, меѓутоа дефинитивно ќе бидат издвоени повеќе средства од тие со кои што моментално располагаат од таму.

Начинот на кој што работи Линукс Фондацијата е преку обезбедување и администрирање на средствата, меѓутоа оставање на целосна контрола и одлучување на проектот кој што ја добива помошта. Со започнувањето на ова иницијатива компаниите се надеваат дека ќе спречат појава на пропусти како Heartbleed во иднина, а доста луѓе сметаат дека ова требало да се случи многу порано.

Извор: The Linux Foundation

Претходна статијаПретставена Android апликација од IFTTT сервисот
Следна статијаFacebook ја купи Moves, фитнес апликација која што автоматски ја следи вашата дневна активност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.