facebook_page_new_look

Facebook Pages се страните кои што ги прават компаниите, брендовите и слично наместо да креираат обичен профил како другите корисници. Facebook веќе претстави редизајнирана верзија на листата со новости (news feed) која што треба да биде овозможена за сите корисници во неделите што следат.

Сега Facebook престави и редизајн на страните (pages) кој што ги прави во согласност со дизајнот кој што се користи веќе година дена за личните профили на корисниците. Како и профилите порано, страните моментално ги прикажуваат новостите во две колони, лева и десна, нешто што не беше добро прифатено од страна на корисниците за своите профили, што доведе и до промената во листа прикажана во една колона. Страниците исто така ќе бидат организирани како личните профили, па новостите ќе бидат прикажувани во една колона, односно десната колона. Во левата колона ќе бидат прикажани информации како, работното време на компанијата, локацијата на компанијата, сликите и слични информации.

Новиот дизајн исто така ќе вклучува и информација за администраторите на овие страни за кампањите кои што им се во тек и нивна кратка статистика. Ова беше до сега достапно на главната страна на Facebook или преку одење посебно во делот за статистики на страната.

Промената на дизајнот на страните треба да биде достапен за сите корисници во периодот што следи.

Претходна статијаSony и Panasonic претставија нов оптички диск со почетен капацитет од 300 GB
Следна статијаТастатура направена со LEGO коцки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.