Shutterstock.com

Xiaomi, кои на корисниците им се најмногу познати по нивните смартфони, сепак во својата понуда имаат повеќе производи, меѓу кои е развојот на сопствено електрично возило. Компанијата ќе изгради фабрика со годишен капацитет од 300.000 возила во Пекинг, а производството се очекува да почне во 2024.

Информацијата доаѓа од Beijing E-Town, владина агенција која стои зад Пекиншката Економска и Технолошка Развојна Зона. Xiaomi ќе ја изгради својата фабрика во оваа зона, каде ќе биде лоцирана и дирекцијата на овој дел од бизнисот на компанијата.

Xiaomi планира да даде поголемо значење на продажбата на електрични возила кои ќе се продаваат во големата продажна мрежа која ја има компанијата низ Кина и која дополнително ја развива.

Не е првпат да читаме за електричните возила од Xiaomi, а сега е јасно дека од компанијата се сериозни за влегување во овој пазар.

ИЗВОРReuters
Претходна статијаЦентар за стручно образование и обука за зелени иновации ќе се отвори во Скопје до крајот на годината
Следна статијаRenault AIR4 е летaчка верзија од легендарното Renault 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.