Израелската компанија Electreon ќе започне со инсталација на систем за безжично полнење на електрични возила на една улица во Детроит градот во американската сојузна држава Мичиген. Овој проект ќе претставува прв ваков во САД, а е направен во соработка со Одделот за транспорт на Мичиген, Канцеларијата за идна мобилност и електрификација на Мичиген, како и Компанијата за економски развој на Мичиген.

Првата улица која ќе го добие системот за безжично полнење ќе биде на должина од само 1,6 километри, што значи дека возилата нема да може да ја дополнат својата батерија во голем процент. Оваа улица за почеток ќе претставува само тест и презентација на системот за нешто што во иднина може да стане стандардно за повеќето улици во градовите.

Исто така, за да може да се користи овој систем, возилата ќе мора да бидат опремени со опрема која може да користи безжични полначи, очигледно, па сега за сега не е замислена баш за обичните електрични автомобили.

Ваквите улици се одлични и замислени да се користат од страна на возилата за јавниот превоз, а исто така за ситуациите кога има поголеми гужви, па електричните возила ќе може да го искористат овој застој за дополнување на нивната батерија.

Електричните автомобили, според најавите на производителите и државите, се очекува дека ќе почнат да претставуваат многу поголем процент од автомобилите кои се користат од 2030, па натаму, со што може да се очекуваат повеќе вакви проекти.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаДоделена награда за најголем импакт во едукација на Women in Tech Macedonia на глобалниот самит во Париз
Следна статијаДивизијата за управувани услуги на Сеавус достигнува бројка од 250 вработени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.