Компанијата Polestar го претстави својот трет целосно електричен автомобил, Polestar 3. Овој пат од компанијата се одлучија за SUV автомобил, што значи дека може да се очекува одлична популарност, барем така ни делува на нас.

Според цената, ова е автомобил кој ќе конкурира со големите, односно Tesla, Mercedes, Audi и BMW, а ќе се продава за 89.900 евра, очекувано кога ќе се видат карактеристиките и технологијата во Polestar 3.

Тоа по што се истакнува Polestar 3, а и генерално овој бренд е косопственоста на компанијата од страна на Volvo и кинеската Geely. Покрај ова, автомобилите, вклучувајќи го и Polestar 3, доаѓаат со технологии од неколку доста познати компании.

Системот за помош при возењето е направен од страна на Nvidia. Корисниците ќе можат да изберат дали сакаат систем кој само им помага во одредени ситуации, како што е веќе и стандардно кај повеќето нови автомобили или систем кој има и одредено ниво на автономија.

Системот на Nvidia е помогнат од три камери, четири ултра звучни сензори, како и систем за чистење на камерите.

„Забавната“ страна од возилото ќе биде опремена со систем од Qualcomm, односно Snapdragon Cockpit Platform, а тука се и технологиите од Zenseact, Luminar и Smart Eye, кои го овозможуваат и помагаат системот за напредна помош на возачот.

Уште од претходниот модел, тука е и Android Automotive OS кој е оперативниот систем на кој ќе функционираат дел од системите на автомобилот, а ќе може да се користи преку 14,5 инчниот екран.

Polestar 3 доаѓа со два мотори, напред и назад, а поголем приоритет ќе има задниот со што би се добил ефект на автомобил со погон на задните тркала. Батеријата е со 111 kWh и му овозможува на Polestar 3 да помине до 610 километри пред да треба повторно да се полни.

Сите детали и карактеристики на Polestar 3 можете да ги прочитате на официјалната страна на компанијата на овој линк.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНовата Photos апликација во Windows 11 ќе добие интеграција со iCloud
Следна статијаSamsung претстави проширен екосистем на уште поповрзани и разновидни услуги за следење на здравјето и благосостојбата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.