Кинеската компанија Didi Chuxing, која може да се нарече просто, кинескиот Uber, во соработка со BYD, исто така кинеска компанија, го претставија електричното возило D1. Ова возило е специјално развиено за бизнисот на Didi, односно за сервисите кои нудат нарачка на превоз преку апликација.

Со ова, од компанијата ќе можат да го зголемат бројот на возачи кои возат електрични возила, кои досега им без продавани во соработка со некои од светски познатите брендови. Големината на компанијата, односно бројот на возачи и поминати километри, дефинитивно прави разлика доколку во поголем дел се прави преку еколошки, целосно електрични возила.

D1 може да помине околу 400 километри на едно полнење, а тоа дека е развиен специјално за превоз на патници може да се види од дизајнот и достапната опрема.

Вратите се отвораат странично, што значи дека овозможуваат полесно влегување на патниците, а исто така овозможуваат да нема ситуации каде по грешка му се пресекува патот на некој велосипедист, на пример, во големите градови.

На задната страна, на потпирачите, се поставени две екрани на допир, кои патниците ќе може да ги користат, а и седиштето на возачот е посебно направено за повеќе часови поминати во автомобилот.

Со оглед на големината на Кина, односно нејзиното влијание во светското загадување, ваквите одлуки на компаниите ќе направи разлика на светско ниво. Поголемите брендови во светот веќе одат во правец на претставување на електрични автомобили кои до половината на овој век може ад се очекува дека ќе бидат главниот вид на превоз.

ИЗВОРDidi
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаGoogle Chrome 87 ги донесува најголемите подобрувања на перформансите после повеќе години
Следна статијаFirefox 83 донесува подобрување на перформансите и HTTPS-Only режим на отворање на страните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.