Според Korea Economic Daily, познатиот корејски производител на автомобили Hyundai ќе престане да работи на развој на нови мотори со внатрешно согорување и ресурсите ќе ги насочи кон развојот на електрични мотори.

Ова како информација не е потврдено официјално, но е секако логично и очекувано кога ќе се земе во предвид дека во наредните 10тина години повеќето производители ќе имаат во својата понуда во главно хибридни или целосно електрични автомобили.

Во доста земји дури се носат закони кои ќе ја забранат продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување , а тоа ќе стане стандардно во наредните 10 до 20 години.

Според информациите, целиот сектор составен од 12.000 вработени ќе биде прераспределен во различни сектори за развој на електричните мотори, батерии и слично, а само мал дел ќе останат за дополнителен развој на постојните модели на мотори со внатрешно согорување.

Hyundai уште нема многу модели кои се електрични, па со овие најави може да се очекува тоа драстично да се промени за само неколку години.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Electrek
Претходна статијаЗа повесели празници – тимот на Мтел ги израдува децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух со новогодишни пакетчиња
Следна статијаИнвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува: Целосно реновирана и модернизирана бензинската станица Визбегово во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.