Audi денеска го претстави својот skysphere концепт, roadster возило со две седишта, кое е целосно автономно, електрично, па дури и може да ја менува својата должина зависно од режимот на возење.

Audi skysphere е концепт за луксузно возило и од компанијата со тоа ја покажуваат иднина на оваа категорија која можат да ја очекуваат корисниците. Најавите и очекувањата се дека овој концепт може да стане реалност во втората половина од оваа декада, а за тоа ќе треба да се прилагодат и одредени закони.

Иако се работи за целосно електричен автомобил, сепак другите карактеристики се тие кое го привлекуваат вниманието кај Audi skesphere.

Концепт возилото е замислено да може да се вози од страна на возачот, но и да биде целосно автономно. Кога се вклучува автономниот режим на возење, воланот и педалите се повлекуваат во возилото, односно веќе не се гледаат и со тоа се добива нешто повеќе простор, но и целосно различно чувство при возење.

Овој режим од Audi го нарекуваат „Grand Touring“ и покрај тргањето на воланот и педалите, возилото се продолжува за 25 сантиметри, односно од 4,94 на 5,19 метри.

Соодветно, кога возачот е тој што го вози возилото, истото се намалува и влегува во спортски режим на возење.

Внатрешноста на возилото е како што би се очекувало полна со технологија и екрани на допир, односно се работи за луксузен концепт со соодветна внатрешност.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСеријата HUAWEI WATCH 3 нуди богатство од интерактивни дизајни – од истражување на вселената и месечината до видео игри
Следна статијаMicrosoft почна со редизајнот на нивните апликации во Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.