Shutterstock.com

Microsoft конечно, односно до овој период идната година, како што истакнуваат, ќе имаат само еден интернет прелистувач, а тоа секако е новиот Microsoft Edge, направен на основа на отворениот Chromium код.

Сепак, од компанијата продолжуваат да „се справуваат“ со уште два прелистувачи, а тоа се стариот и за неверување дека уште постои Internet Explorer 11, како и старата верзија од Microsoft Edge, сега наречена Edge Legacy.

Ситуацијата со стариот Microsoft Edge можеби е и поедноставна. Прелистувачот беше замислен како модерна верзија од Internet Explorer, па поради тоа и не се користеше од страна на компаниите за нивните апликации. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека Edge никогаш и не доби некоја посебна популарност, сигурно од Microsoft не треба да се грижат дека ќе го нарушат корисничкото искуство на корисниците.

Од компанијата веќе почнаа да го надградуваат Edge кај корисниците на најновата Chromium верзија, а од оваа есен со новата верзија од Windows 10, новиот Edge ќе биде стандардно инсталиран со оперативниот систем.

До идната година, поточно почнувајќи од 9-ти март, стариот Microsoft Edge веќе нема да добива надградби, а тоа ги вклучува и безбедносните надградби. Со тоа се става крај на овој прелистувач, а до тогаш најверојатно и веќе нема да има компјутери каде ќе биде инсталиран.

Ситуацијата со Internet Explorer 11 е нешто посложена. Доста компании го користат овој прелистувач за нивните корпоративни апликации кои се направени за него, па не функционираат на новите и модерни прелистувачи.

Ова е и главната причина зошто овој прелистувач уште постои, но и тоа нема да биде уште долго време. Во новиот Microsoft Edge е вградена функцијата Internet Explorer mode, со што корисниците можат да ги користат нивните апликации на овој начин, па веќе не им треба IE11.

Почнувајќи од 30-ти ноември оваа година, IE11 нема да функционира преку Microsoft Teams, а до 17-ти август 2021 овој прелистувач веќе нема да може да се користи за отворање на Microsoft 365 сервисите, односно онлајн Office сервисите.

Со ова станува јасно дека до крајот на идната година, Microsoft ќе има само еден прелистувач за кој ќе треба да се грижи, нешто што и цело време им е целта.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаУште една компанија, по Microsoft, во преговори за купување на TikTok
Следна статијаHUAWEI Assistant – TODAY ја доби светски познатата награда за дизајн „Red Dot” 2020
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.