Google Chrome веќе добива нови верзии доста брзо, односно на секои шест недели. Јасно е дека поради тоа, кога ќе се промени бројката на верзијата, не значи дека корисниците добиваат повеќе новини, па тие сепак може да се каже дека се „собираат“ после неколку верзии.

Кога излезе Google Chrome и почна со брзите надградби, дојде како чудна промена за корисниците кои дотогаш беа научени да чекаат по неколку месеци, некогаш и повеќе за да излезе новата верзија од Mozilla Firefox, на пример. Кога Mozilla го промени своето темпо да го следи Google, доста корисници не беа задоволни со таа промена.

Почнувајќи од верзијата 94, која треба да излезе во третата четвртина од оваа година, Google дополнително ќе го забрза пуштањето на нови верзии од Chrome, па тие сега ќе стануваат достапни на секои четири недели.

Причината за ова, истакнуваат од Google, е усовршувањето на процесот на тестирање и надградба на Chrome, со што тие сега можат да обезбедуваат нови функции за побрзо време.

Безбедносните исправки се пуштаат кога истите ќе бидат откриени, односно почесто од пуштањето на нова верзија од апликацијата.

Поради забрзувањето на процесот, Google ќе им овозможи на компаниите кои би имале проблем со ова темпо, посебна верзија со продолжена поддршка, односно верзија која ќе добива нови надградби на секои осум недели. Оваа верзија ќе добива и безбедносни надградби на секои две недели, но без новите функции од главната верзија, како и без сите достапни безбедносни исправки.

Корисниците нема да забележат некоја голема промена со ова, а ќе видиме и дали оваа промена ќе ја следат и останатите прелистувачи кои се направени на основа на Chromium.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаРеновирана и модернизирана бензинската станица на Макпетрол во централното градско подрачје на Тетово
Следна статијаA1 Македонија има најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.