Фото: Shutterstock.com

Марк Закерберг преку Facebook најави дека WhatsApp добива можност за испраќање на линк со чие притискање корисниците можат да се приклучат кон некој групен аудио или видео повик.

Новата можност ќе биде лесно видлива во делот за повици од апликацијата, а функционира едноставно и исто како што е случајот со апликациите како Zoom или Microsoft Teams. Корисниците со притискање на можноста добиваат линк кој потоа можат да го испратат до луѓето кои сакаат да ги поканат да се приклучат на видео или аудио повик.

Корисниците кои го добиле линкот, се што треба е да притиснат на него, по што ќе бидат приклучени кон тој групен повик.

Закергерг исто така најави дека се тестира можноста за поврзување до 32 учесници во еден повик, кој исто така е заштитен со шифрирање како и стандардните разговори и повици.

Ваквите функции станаа посебно популарни со почетокот на корона кризата кога доста луѓе, приватно и за бизнис цели, почнаа да комуницираат преку видео повици и конференции, наместо да се сретнат во живо.

Можеби корона кризата заврши, но популарноста на видео повиците остана на високо ниво.

Претходна статијаФИТР со нов предизвик за воспоставување на лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE
Следна статијаТест верзијата од новиот Outlook за Windows сега поддржува и приватни Microsoft сметки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.