Промената на позадината кај апликациите за видео разговори е нешто што е корисно кога се прават бизнис разговори од дома, на пример или во било која друга просторија која не изгледа доволно средено за да биде прикажана во позадина.

Skype и Microsoft Teams веќе одреден период овозможуваат заматување на позадината, но конкурентите нудат и повеќе, можност за ставање на слика која ќе се прикажува позади говорникот. Microsoft Teams веќе ја доби оваа можност, па еве сега и Skype се приклучува на трендот.

За разлика од другите апликации, во случајот на Skype нема веќе достапни слики од самата апликација, што значи дека корисниците ќе мора да изберат некоја своја слика. Истата се додава со притискање на трите точки, односно менито достапно за време на повик.

Од тука треба да притиснете на Choose background effect, по што ќе можете да ја изберете вашата слика, а тука е и можноста за заматување на позадината.

Оваа можност е достапна за десктоп верзиите од Skype на Windows, macOS и Linux, како и преку веб, а доколку ја користите вградената Skype апликација за Windows 10, истата ќе морате да ја регистрирате на Preview програмата, инаку новата можност нема да ви биде достапна. Како и обично, ваквите можности не се достапни на мобилните апликации.

Претходна статијаФИТР заедно со Регионалниот Совет за соработка и Светскиот економски форум ќе работи на предлог модел за создавање на Регионален иновациски фонд
Следна статијаПрепорака на SF книга: Agents of Dreamland
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.