Делот за претплати во Play Store добива мал редизајн кој ќе додаде доста корисна информација за корисниците кои имаат некаква активна или откажана претплата. Со оваа надградба под секој претплата ќе стои листа со придобивки кои ги донесува истата, нешто што дефинитивно е корисно.
Иако повеќето од нас знаеме зошто се имаме претплатено на некој сервис, односно апликација, сепак не е лошо да се потсетиме за истото од време на време. Со тоа може да се донесе подобра одлука дали претплатата вреди да се задржи или дали откажаната претплата повторно да се активира.
Оваа новина може да се очекува оваа есен, а како и обично, корисниците ќе ја добиваат постепено.
Презентацијата на оваа новина е дел од Play Summer Press настанот кој го организираат од Google, а на кого имаат присуствувано од страна на Android Authority, каде и можете да ја видите сликата од новиот изглед на делот за претплати.