paypal-logo

PayPal оваа недела претстави нов сервис кој што треба да го олесни плаќањето на работите во апликациите кои што нудат можност за плаќање во нив, односно in-app-purchases. Најчесто такви апликации се игрите, меѓутоа има и доста апликации преку кои што можат да се купуваат производи.

One-Touch сервисот е резултат на купувањето на компанијата Braintree која што веќе има сопствен сервис за мобилни плаќање. Во основа овој сервис треба да го овозможи истиот начин на плаќање како што корисниците се веќе научени тоа да го прават преку PayPal на веб. Еднаш се внесуваат платежната картичка и другите потребни информации, па потоа на секоја веб страна која што подржува плаќање преку PayPal, плаќањето се прави преку едноставно логирање на сервисот, меѓутоа не е потребно внесување на платежната картичка. Преку One-Touch корисниците исто така еднаш ќе ги внесат своите информации, па потоа на апликациите кои што имаат поддршка за системот, ќе можат со еден клик да го платат тоа што решиле да го купат.

Сервисот функционира преку SDK алатка која што програмерите можат да ја искористат да додадат поддршка на својата апликација. Моментално нема многу апликации, разбирливо, па останува да се види дали сервисот ќе биде прифатен од страна на програмерите и корисниците.

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаGoogle ја претстави Photo Sphere апликацијата за iOS
Следна статијаСо Ignore No More апликацијата за Android, вашите деца ќе мора да се јават кога ги барате
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.