ok-google-camera

Google воведе нова функција во својата Search апликација за Android која овозможува вклучување на камерата преку гласовна команда. Истата вклучува две команди за вклучување на камерата, односно едната во режим за сликање слики и другата во режим за снимање на видео. За истите да ги користите потребно е да притиснете на иконата со микрофон во Search апликацијата или едноставно да кажете “Ok Google” за да ја активирате гласовната команда и потоа да кажете “take a photo” за сликање на слики или “take a video” за снимање на видео.

Оваа функција можеби ќе биде најкорисна за корисниците на најновата верзија на Android 4.4 KitKat, поради можноста за кажување на командата Ok Google без потреба од прво отворање на апликацијат. Другите корисници ќе треба прво да ја отворат Google Search апликацијата, па потоа да ја кажат командата за вклучување на камерата, што се поставува прашањето дали воопшто ќе им биде од корист оваа функција.

Извор: Google

 

Претходна статијаКако Samsung гледа на Galaxy Pro таблет серијата во споредба со конкуренцијата
Следна статијаAmazon наскоро со својот прв паметен телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.