opera-tablet

Opera е познат веб прелистувач достапен на скоро сите платформи. Од неодамна од развој на сопствен прелистувач од Opera решија да развиваат верзија направена на основа на Chromium отворениот проект. Достапни се верзии за десктоп, мобилен и таблет компјутер, кој што до сега беше само зголемена верзија од мобилната.

Со најновата 18-та верзија од Opera, прелистувачот добива посебен кориснички интерфејс за корисниците на таблет компјутери. Според Opera интерфејсот ќе биде достапен за поголемите таблет компјутери, очекувајќи дека се мисли на поголеми од 7 инчни, меѓутоа истиот го добивме на нашиот Nexus 7 2012 таблет.

Она што е различно во корисничкиот интерфејс за таблет компјутерите е користењето на табови на посебна лента, како на пример во Chrome прелистувачот, наместо досегашното копче кое што ве носи на посебна листа со вашите табови претставена во форма на таканаречена „вртелешка“ (carousel). Останатите познати функции што ги нуди Opera се достапни, а доколку не го користите овој прелистувач, во продолжени прочитајте за нив.

  • Истражи лента (Discover) е посебен дел од почетната страна на прелистувачот на која што се прикажани новости од теми кои вие може да ги изберете.
  • Off-road е позната функција уште од постарите верзии на прелистувачот, преку која сообраќајот при сурфање се компресира и пренесува преку серверите на Opera. Со ова добивате можност да заштедите сообраќај доколку користите ограничена мобилна конекција или да го подобрите сурфањето при бавни Wi-Fi конекции.
  • Speed Dial ја претставува почетната страна на која што можете да ги ставите вашите омилени и најчесто посетувани веб страни за побрзо пристапување до нив.

Opera 18 можете да ја симнете преку продавницата за апликации или преку следниот линк.

opera-qr

Претходна статијаFacebook Chat сега ви покажува од каде се приклучени вашите пријатели
Следна статијаQualcomm IPQ интернет процесор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.