Microsoft продолжува да ги прилагодува нивните апликации да изгледаат во стилот на Windows 11. Може слободно да се каже дека овој процес оди бавно, односно од компанијата можеа сите апликации да ги освежат уште од самото пуштање на новиот оперативен систем, а не после скоро една година уште една по една апликација да се менува.

Како и да е, тоа е темпото кое од Microsoft го тераат, па на ред за редизајн е дојдена OneDrive апликацијата, односно делот кој има некаков кориснички интерфејс, Settings.

Промената кај изгледот не е официјална, па истата е објавена на Twitter и како што може да се види од сликите, направена е точно во стилот на Windows 11.

Различните делови од Settings се поставени на левата страна, додека на десната може да се видат прилагодувањата.

Вака изгледа и Settings апликацијата на Windows 11, па логично е и оваа апликација која доаѓа со системот да изгледа исто.

Нови функции нема и не се ни очекуваат, па оваа промена е само во правец на унифицирање на Windows 11 и апликациите, а ова е нешто за кое има уште доста работа.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статија21. CINEDAYS – Фестивал на европски филм
Следна статијаНов урбан парк со големина на Плоштадот Македонија ќе никне во јадрото на Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.