skype-ios-new

Од Skype најавија дека се во изработка на целосно нова верзија од оваа апликација за iPhone корисниците и истата ќе биде достапна од идната недела. Skype 5.0 апликацијата е целосно редизајнирана и одново направена, што значи дека корисниците може да очекуваат различно искуство од тоа досега.

Доколку ја имате видено Skype апликацијата на Windows Phone и на Android, ќе забележите дека тој стил на корисничкиот интерфејс и дизајн е применет во новата верзија. Истата е поедноставена и го користи модерниот минималистички и рамен дизајн, кој што без проблеми ќе се вклопи во новите верзии од iOS. Како што изјавуваат од Skype, апликацијата покрај подобрувањата која што ги вклучува, таа вклучува и одредени нови работи кои што се целосно нови и првпат ќе бидат вклучени во верзијата за iPhone.

Една од најбараните промени кои што ќе бидат дел од новата верзија е синхронизацијата на пораките од сите уреди на кои што корисникот користи Skype. Тоа значи дека доколку разговарате на Skype преку вашиот десктоп на пример, пораките ќе бидат означени како прочитани и на другите уреди, односно и на вашиот iPhone. Ова е меѓу најбараните промени во Skype во време кога повеќето корисници користат повеќе уреди, а со тоа и апликациите ги користат на повеќе локации. Стигањето на нотификации за непрочитани пораки на веќе завршени разговори е една од нај – фрустрирачките работи на Skype корисниците.

Нова верзија на Skype за iPhone ќе ги вклучува следните промени:

  • Побрза работа: Skype 5.0 за iPhone треба да е до 5 пати побрза од претходната верзија
  • Мазна работа: Новата верзија вклучува навигација помеѓу разните екрани на многу помазен начин, вклучувајќи нови анимации
  • Поголема интеграција: Корисниците ќе имаат можност да започнат групни разговори директно од главниот екран. Испратените пораки и слики ќе бидат достапни без разлика дали вие или контактот на кој што испраќате сте вклучени во истиот момент

Skype 5.0 треба да биде достапен од идната недела, а за истото ќе можете да прочитате на нашиот портал. Новата верзија треба да биде достапна и за iPad уредите, меѓутоа точна дата за нејзиното претставување не е дадена.

Извор: Skype Blog

Претходна статијаMicrosoft развива систем за користење на Windows Phone преку гестови
Следна статијаVLC ќе додаде поддршка за Chromecast на Android, iOS и десктоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.