Фото: Shutterstock.com

Сервисот за зачувување на линкови, односно статии за читање подоцна, познат како Pocket, ќе престане да функционира. Згаснувањето на сервисот е закажано за 8 јули оваа година, а веќе од вчерашниот ден не се достапни апликациите и екстензиите за прелистувачите. 

Информацијата ја објавија од Mozilla, кои го купија сервисот во 2017 година, нешто што сепак на крајот доведе до критики за оваа организација која едно време беше позната по грижата за приватноста на корисниците. 

Корисниците ќе имаат до 8 октомври оваа година да ги извадат своите податоци, по што истите ќе бидат избришани. 

Од организацијата најавија дека корисниците кои плаќаат за сервисот ќе добијат поврат на средствата, а висината ќе зависи од тоа колку време им останува за користење. 

Пред да биде наречен Pocket, сервисот беше познат како Read It Latter, едноставно име кое директно покажуваше за што е наменет. Ребрендирањето во Pocket беше направено во 2012 година, по што Mozilla ја купи компанијата во 2017. 

Read It Latter започна со работа во 2007 година. 

Mozilla се обиде да го направи повеќе од тоа што беше основната функција на сервисот, од каде дојдоа и дел од критиките. Pocket стана и сервис за откривање и препорака на интересни статии за читање врз основа на тоа што корисникот го зачувува, а помош во тоа добиваше и од историјата на сурфање на Firefox. 

ИЗВОРMozilla
Претходна статијаSignal претстави нова безбедносна функција само на Windows 11
Следна статијаOpenAI и Џони Ајв работат на уред кој не им успеа на две други компании
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.