Првпат видовме дека Microsoft работи на апликација, која наједноставно може да се наречен конкуренција на познатата CCleaner, во 2022 година. Microsoft PC Manager сега им е достапна на сите корисници и може да се инсталира преку Microsoft Store.
Популарноста на CCleaner драстично се намали по купувањето на апликацијата од страна на Avast, а подоцна и случувањата кои беа карактеристични овие години за Avast. Ова значи дека една ваква апликација направена директно од Microsoft е алтернативата која ја чекавме.
Microsoft PC Manager не може да се каже дека ги нуди баш истите и сите функции кои ги има CCleaner и сличните апликации, но нуди доволно за „чистење“ на компјутерот од непотребните останати датотеки.

Апликацијата е поделена на неколку делови, а од главниот екран може да се вклучат неколку од алатките за проверка на компјутерот. Истите вклучуваат „чистење“ на непотребните датотеки останати од „сурфањето“, од ажурирање на системот и слично.
Очекувано, PC Manager доаѓа со интеграција со Windows Security, па и преку оваа апликација може да се покрене скенирање за вируси и слично.

Интересна е последната можност на апликацијата која вклучува неколку алатки поврзани со правење слики од екранот, снимање на звук и слично.
Microsoft PC Manager е достапна преку Microsoft Store и може да се инсталира од тука.