Развојот на Microsoft Edge на основа на Chromium, покрај другите предности, значи и дека прелистувачот ќе се развива независно од оперативниот систем, односно како целосно посебна апликација. За разлика од сегашната верзија која е достапна стандардно со Windows 10, новиот Edge ќе може да се инсталира и надградува како и секоја друга апликација, издвоена од надградбите на оперативниот систем.

Ова донесува повеќе предности, но и се најави достапност на Edge и на други платформи, наместо само на Windows 10. Windows 7 и Windows 8 ќе биде две верзии од Windows кои ќе можат да го инсталираат Edge, но најавена беше и достапност на macOS.

Со мало задоцнување од тест верзиите на Windows 10, Microsoft Edge во својата тест фаза сега е достапен и за корисниците на macOS. Сега за сега тие можат да ја симнат само Canary верзијата, која се смета сепак за најнестабилна и почесто добива надградби, но наскоро се очекува и постабилната Dev верзија, по што заедно со Windows 10 се чека и на бета верзија која ќе го означи скоро крајот на развојот на првата официјална верзија.

Microsoft Edge на macOS го има истиот дизајн и функции како на Windows 10, но од Microsoft сепак имаат обрнато внимание на некои ситници кои ќе го направат прелистувачот поблизок до апликациите карактеристични за овој оперативен систем.

Тоа значи дека macOS верзијата од Edge има различни фонтови, менија, наслови, но и кратенки за користење карактеристични за оперативниот систем, поддршка за гестикулации на тракпадот кај лаптопите, како и поддршка за Touch Bar.

Со оглед на тоа што се работи за Canary верзија, работата на прелистувачот е далеку од готова, па корисниците може да очекуваат дополнителни промени и новости, а можат и самите да ги предложат преку „смајли“ иконата.

Microsoft Edge може да се симне преку Insider веб страната за новиот прелистувач на овој линк.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаПретставена нова генерација од Google Glass со подобри компоненти и Android основа
Следна статијаНаправете паметна пресметка и заштедете енергија и пари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.