На почетокот на декември оваа година, официјалната Microsoft Teams десктоп апликација за Linux ќе престане да функционира. Тоа што е добра вест за овие корисници е што тие ќе продолжат да имаат пристап до сервисот, само сега преку веб апликацијата.

PWA верзијата од Microsoft Teams, односно веб апликацијата, ќе им стане достапна на корисниците на Linux што значи дека ќе можат да продолжат да го користат овој сервис.

Кога ќе се земе во предвид дека десктоп апликацијата не беше направена на ниво на Windows, односно ги нема сите достапни функции, корисниците на Linux подобро ќе поминат со веб верзијата.

Во денешно време веб апликациите се скоро на исто ниво како десктоп, па корисниците не добиваат нешто што е само мал дел од апликацијата. Во овој случај, веб апликацијата од Microsoft Teams ги има сите функции кои корисниците ги имаат на Windows, па кога веќе не се развива Linux десктоп верзијата, ова е многу подобра алтернатива.

Веб апликацијата ќе може да се отвори преку Microsoft Edge или Google Chrome, а овие прелистувачи овозможуваат и инсталирање на веб апликациите, со што се добива изглед скоро ист како апликацијата да е целосно инсталирана на системот.

Mozilla Firefox прелистувачот, кој е најмногу користен на Linux, нема да ја добие поддршката од Microsoft Teams, па корисниците ќе мора да инсталираат некој од другите, ако веќе тоа го немаат направено.

ИЗВОРOMG!Linux
Претходна статијаHuawei претстави голем број нови производи на IFA 2022
Следна статијаА1 Македонија прославува три години на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.