На почеток нарекуван Bing Chat, како и новиот Bing, сега Copilot е официјалното име под кое Microsoft ќе го развива нивниот „чет бот“, односно пристапот до генеративната вештачка интелигенција.
Оваа алатка како што е познато работи во главно на основа на технологијата од OpenAI, односно GPT, но Microsoft додава и сопствени „делови“. Тука е и DALL-E технологијата за генерирање на слики врз основа на насоките од корисникот.
Microsoft Copilot сега е достапен како посебна апликација на Android, па корисниците можат да ја користат на местото на веб страната. Преку оваа апликација се добива пристап до најновите верзии од технологиите од OpenAI, па тука се GPT-4, како и DALL-E 3.

Корисниците можат да ја користат апликацијата за сите функции како на веб страната, односно тие можат да поставуваат прашања, да истражуваат на различни теми, но и да побараат да им биде креиран текст, слики и слично.
Засега нема информации за iOS верзија од оваа апликација, но сите функции се достапни и преку Bing апликацијата, односно корисниците на Apple ќе треба да причекаат само за посебна апликација со новиот бренд.
Microsoft Copilot за Android е достапна преку Play Store на овој линк.