Можеби iPad таблет компјутерите се најпопуларни на пазарот и во главно имаат голема достапност на апликации, меѓу кои и ексклузивни, сепак Meta за повеќето нивни апликации нема верзии за овие уреди.
Во периодот што следи оваа ситуација можно е да се промени кон подобро, па после неофицијалната најава дека од компанијата работат на iPad верзија од Instagram, нешто што одамна е барано, сега изгледа таква верзија ќе добие и WhatsApp.
Тоа што се зема како доказ за ова очекување е објава од официјалниот профил на WhatsApp на X преку кој тие споделуваат објава од корисник во која се предложува да се додаде апликацијата на iPad.
Од WhatsApp се што додаваат при споделувањето е икона од очи, па според повеќето ова е кратка најава од компанијата дека се работи на апликацијата.
Од Meta достапни на iPad им се само Facebook и Messenger апликациите, односно тие имаат прилагодена верзија, па остануваат уште Instagram, WhatsApp и Threads.
Instagram може да се инсталира на iPad, но се работи за мобилната верзија која само може да биде дупло зголемена.