Malwarebytes Anti-Malware е програма за откривање на малициозен софтвер на вашиот Windows компјутер. Се има здобиено со голема популарност, како поради успешноста во вршењето на работата за која што е наменета, така и поради можноста да ја користите паралелно со другите анти-вирус програми и пакети за интернет безбедност. Посебно популарна е бесплатната верзија која иако има неколку функции помалку од Pro верзијата, како недостаток на скенер во вистинско време (real time), се користи како додатна алатка при проверка на заразени компјутери.
Malwarebytes Anti-Malware сега е достапна и на Android платформата, која што поради се поголемата популарност се очекува да стане мета на малициозен софтвер. Сепак одредени кругови, вклучувајќи ги и Google, сметаат дека тоа е преувеличено и дека заканата не е толку голема. Сепак без разлика за големината на можноста за закачување на малициозен софтвер, апликациите кои служат за заштита од истиот се повеќе добиваат на популарност. Поради високото ниво на успешност на работата на Malwarebytes Anti-Malware на Windows, се очекува исто да работи и Android верзијата. Сепак ова е нова апликација, па останува да се види после одреден период што ќе покажат тестирањата и искуството.
Апликацијата е едноставна и со минималистички кориснички интерфејс, без додавање на многу функции кои во многу други вакви апликации знаат да бидат непотребни. Се концентрира на 4 функции: Скенер за малициозен сотфвер во вистинско време и мануелно, менаџер на апликации, менаџер за приватност и ревизија на сигурноста. Апликацијата има вграден систем за детектирање на повеќе од 200 категории на малициозен софтвер кој вклучува детектирање на: Trojan, Backdoor и Spyware.
Кои се функциите на Malwarebytes Anti-Malware?
Скенер за малициозен софтер
- Проактивно скенирање на апликациите и фајловите за малициозен софтвер
- Скенирање на вградената меморија и SD карички
- Закажување на автоматско скенирање
- Автоматско ажурирање на дата базата на малициозен софтвер
Менаџер за приватност
- Идентификување на привилегиите на пристап на секоја апликација
- Прикажување на привилегиите на пристап според категории: Контакти, идентитетски информации, СМС и прилагодувања за сигурност
Ревизија на сигурноста
- Идентификување на сигурносни слабости на уредот и препорака на исправање на истите
- Поврзаност со функцијата на Android за локација на уредот, па истиот може да биде лоциран, заклучен или ресетиран во случај на губење или кражба
Менаџер на апликации
- Идентификување на моментално активните апликации
- Идентификување на инсталираните апликации
- Можност за креирање на „бела“ листа на одобрени апликации