Вонредната состојба во скоро цел свет со COVID-19 направи да голем дел од луѓето мораат да седат повеќе дома, па тоа подразбира и работење од дома за тие коишто имаат таква работа да тоа може да се изведе. Поради тоа сервисите за видео повици имаат огромно зголемување на корисниците, а еден од сервисите кој „наеднаш“ доби на популарност е Zoom.

Сепак, овој сервис се покажа дека има одредени безбедносни пропусти, што доведе и до тоа да во Њујорк се забрани неговата употреба на сметка на Microsoft Teams. Овој сервис од Microsoft е достапен и за обичните корисници, иако првично е наменет за компаниите, но сепак ситуацијата ја искористуваат од компанијата да го промовираат и својот постар, Skype сервис.

Skype веќе одамна губи од популарноста на сметка на други сервиси, иако се работи на неговиот развој и според нас останува еден од подобрите сервиси за деловна комуникација и за било какви видео разговори.

Корисниците на Skype, но поважно и тие кои одамна не го користат или никогаш не го користеле, сега можат да прават видео конференции без разлика дали имаат или немаат Skype сметка, па дури и апликација.

Тоа може да се направи преку оваа веб страна од компанијата каде се креира линк за конференција. Овој линк може да се испрати на сите со кои сакате да разговарате, а тие можат да го отворат или преку нивната Skype апликација или директно преку веб и да започнете видео разговор.

Линкот останува активен и не се брише, што значи дека ако еднаш го креирате, можете потоа цело време да го користите. При разговорите на корисниците им се достапни сите Skype функции, како можноста за заматување на позадината, како и споделување на екранот.

Корисниците можат да се поврзат на разговор и преку нивните мобилни, меѓутоа за тоа ќе мора да ја инсталираат Skype апликацијата.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаБил Гејтс ќе вложи милијарди долари за изградба на фабрики за тестирање на 7 различни потенцијални вакцини за COVID-19
Следна статијаSamsung претставува ново еколошко пакување за своите телевизори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.