Во кодот на Instagram откриено е дека од мрежата тестираат можност за објава преку интернет прелистувачите, нешто што никогаш не стана достапно за корисниците. Доколку оваа можност стане достапна, корисниците ќе можат да објавуваат на Instagram преку нивниот компјутер, на пример.

Instagram е мрежа која започна како апликација за мобилните телефони и истата остана таква. Со тек на време мрежата овозможи разгледување на објавите преку интернет прелистувач, но никогаш не се овозможи објава на друг начин освен преку мобилната апликација.

Со оглед на тоа дека од компанијата немаат објавено ништо официјално за ова, не е познато дали некогаш воопшто новината ќе биде пуштена за корисниците или ќе остане само како откажан план.

За повеќето корисници можеби ваква можност и не претставува нешто корисно, но ние сметаме дека ова требаше да биде овозможено уште одамна.

Од тоа што може да се види, доколку оваа можност биде воведена, изгледа дека нема да овозможува објава на Stories или барем не на почеток.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаTraficom ги дефинира критичните делови на комуникациската мрежа во Финска
Следна статијаO2 и Vodafone договорија делење на спектарот по завршувањето на аукцијата на Ofcom
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.