Фото: Google

Можноста за зачувување на лозинките во Google Chrome не е нешто ново, а корисниците на Android овие лозинки можат да ги видат и користат и преку самиот оперативен систем. Користењето на апликации за лозинки останува доста важна препорака за безбедност на интернет, а достапни се повеќе решенија.

Google сака нивниот Password Manager да се користи од повеќе корисници, па со воведувањето на неколку новини оваа недела, оваа апликација станува реално посериозен конкурент на алтернативите кои се достапни.

На Android, каде лозинките се достапни преку Chrome, но и преку самиот оперативен систем, сега до нив може многу полесно да се стигне преку новата кратенка која може да се постави на главниот екран. Ова кратко кажано го прави Google Password Manager како независна апликација која корисниците можат кога сакаат да ја отворат.

Овој дел исто така добива промена на корисничкиот интерфејс, па без разлика дали ќе се отворат лозинките преку Chrome или преку Android, сега корисниците добиваат ист изглед, нешто што сигурно ги има збунето досега.

На iOS сега Google Password Manager ќе може да се постави како „пополнувач“ на лозинки, па корисниците ќе можат да се најавуваат на било која апликација на овој систем, како и да генерираат нови сложени лозинки.

Заедно со овие промени, Google Password Manager сега може да се користи за внесување на нови лозинки рачно, односно не само автоматски кога апликацијата ја генерира лозинката.

Со ова, Google го направи нивниот Password Manager многу понезависен од Chrome, со што корисниците можат да го користат како посебна апликација, односно како алтернатива на Bitwarden, LastPass, 1Password и сличните.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаНов промотивен депозит на Халкбанк со атрактивна каматна стапка од 2%
Следна статијаЗапочнува продажбата на HUAWEI WATCH FIT 2 на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.