Фото: Arstechnica.com

Google Toolbar е име кое сигурно го имате заборавено, а многу го немаат ни слушнато. Овој мал додаток за Internet Explorer беше претставен на 11ти декември 2000 година. Во тоа време им овозможи на корисниците да пребаруваат преку Google без потреба од отворање на страната.

Тоа беше време кога пребарувањата не можеа да се прават преку лентата за адреси, а кога Microsoft ја додаде посебната лента во Internet Explorer, пребарувањето сепак беше ограничено на нивниот, тогаш не толку популарен пребарувач.

Google Toolbar, според информациите, има учествувано со 12% во вкупните пребарувања преку Google, што можеби не е некој огромен процент, но сепак си ја одигра својата улога во зголемувањето на популарноста на Google.

Овој додаток овозможи и додатни функции за корисниците во време кога Internet Explorer не нудеше баш нешто повеќе од сурфање по интернет. Па така со Google Toolbar корисниците можеа да ги блокираат досадните „попапи“, да преведуваат зборови, да прават проверка на спелувањето и слично.

Интересно е што Google го остави достапен Toolbar до оваа година, иако јасно е дека одамна веќе не се користи и не се развива. Неколку денови пред 21 годишнината на додатокот од компанија конечно го тргнаа целосно, па сега оваа страна, која уште постои, дава совет како да се избрише, а и препорачува инсталирање на Google Chrome.

Многу работи се променети од тоа време, па потсетувањето на Google Toolbar дефинитивно ги враќа спомените на почетоците на масовното користење на интернет мрежата.

ИЗВОРArsTechnica
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung го претстави новиот Galaxy Tab A8: Поголем екран, поголема моќност и повеќе перформанси
Следна статијаФИТР: Започнува проектот за дигитализација на над пет милиони оригинални записи од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.