Фото: Google

По повторно поднесување на кодот кон Chromium проектот од страна на Microsoft, Google Chrome ќе добие нова функција која ќе ја подобри безбедноста на корисниците на Windows. 

Се работи за блокирање на вклучувањето на Chrome со зголемени привилегии, односно како администратор, а доколку тоа се случи, апликацијата ќе биде рестартирана и вклучена без тие привилегии. 

Оваа практика, која се користи кај Edge одамна, треба да ги заштити корисниците од можно проблеми со малициозен софтвер, кој доколку прелистувачот е вклучен со администраторски привилегии, многу лесно може да добие пристап до целиот систем на корисникот. 

За разлика од првиот пат, програмерите на Chrome сега го прифаќаат кодот, па може да се очекува во некоја од наредните надградби на прелистувачот. 

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Bleeping Computer
Претходна статијаMicrosoft го трга еднократниот трошок кој програмерите треба да го платат за да можат да објавуваат апликации во Microsoft Store на Windows
Следна статијаАсоцијацијата за е-трговија потпиша Меморандум за соработка со Кинеската комора за е-трговија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.