win7metromode

Корисниците на Windows 8 кој што го користат Chrome прелистувачот веќе се запознаени со можноста да го „користат“ Chrome OS на нивниот оперативен систем. Всушност не се работи за покренување на некаква виртуелна околина, туку едноставно искористување на модерните апликации кои што работат на целиот екран. Доколку изберете да го користите Chrome во Windows 8 режим преку менито на прелистувачот, прво ќе морате да изберете тој да биде вашиот стандарден прелистувач, по што ќе се вклучи на целиот екран. За разлика од порано кога беше истиот прелистувач, само достапен за корисниците на екрани на допир, почнувајќи од 32-рата верзија тој вклучува и неколку додатоци кои што го прават сличен на Chrome оперативниот систем. На овој начин може да се каже дека добивате можност да видите како би било користењето на овој веб базиран оперативен систем. Наместо прелистувачот да е единственото нешто што го гледате на целиот екран, тој може да биде минимизиран, а на долната страна поставен е launcher за апликации, односно веб апликациите кои што можете даги инсталирате на прелистувачот. Исто така ќе добивате и нотификации од апликациите кои што ги користите, како и Google Now за поддржаните земји.

Оваа можност Google ја донесе и за корисниците на Windows 7, барем за тие кои што се спремни да тестираат прилично рани и нестабилни верзии. Canary верзијата од Chrome ја донесува оваа можност за корисниците на Windows 7. Прелистувачот тоа едноставно го прави преку вклучување на прелистувачот на целиот екран, што во тој оперативен систем е наречено Chrome OS режим.

Дали оваа можност ќе биде понатаму донесена за сите корисници во некоја од идните стабилни верзии од прелистувачот не е познато, меѓутоа е интересен начин за уште повеќе корисници да го пробаат чувството за работа на Chrome OS.

Canary верзијата од Chrome можете да ја симнете преку следниот линк, а препорачуваме тоа да го направат само искусните корисници и тие кои што сепак знаат што тоа подразбира.

Извор: Engadget

Претходна статијаЗаборавете на 4K, нано-пиксели се иднината на високата резолуција
Следна статијаSony претстави три нови модели, меѓу кои Xperia Z3
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.