Фото: Shutterstock.com

Според британската компанија Which?, Google Chrome е најлошиот интернет прелистувач кога е во прашање откривањето на „фишинг“ измамите, односно нападите. Според резултатите од оваа компанија, Chrome има откриено и спречено само 28% од нападите на Windows и само 25% од нападите на macOS.

Ова, според компанијата, е загрижувачки кога ќе се земе во предвид дека ова најмногу користениот прелистувач во Британија, а истото важи и за остатокот од светот.

„Фишинг“ измами се веб страни кои се направени да изгледаат идентично како други страни, на пример банкарски страни и слично, со што корисниците треба да бидат измамени да ги внесат своите податоци на нив. Со тоа овие страни ги добиваат лозинките, картичките и слични податоци од корисниците.

До ваквите страни најчесто се стига преку линкови во имејл пораки, но ги има и преку SMS, а исто така и на одредени веб страни.

За разлика од Chrome, другите прелистувачи се имаат покажано многу подобро, па така на Windows најдобро се покажува Mozilla Firefox со 85% спречени измами, додека на macOS овој процент изнесува 78%.

Microsoft Edge успева да „фати“ 82% од „фишинг“ измамите, додека Apple Safari 77%.

Opera исто така се нема покажано баш најдобро, па на двете платформи процентот на заштита изнесува 56%.

Од Google очекувано излегоа со изјава за ова истражување и според нив тоа не е баш точно. Тие посебно го истакнуваат фактот дека Firefox го користи истиот систем како Chrome, па има доста подобар резултат, нешто што според нив воопшто нема логика.

Како и да е, не би било лошо и други компании да излезат со сопствени истражувања за да поточно се знае колку е безбеден најпопуларниот интернет прелистувач во светот.

Треба да се напомене и дека најдобрата заштита на крајот сепак е логиката на корисниците, односно практиката да не се отвораат линкови од било каде, а посебно не од имејл пораки од непознати адреси.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаМурал посветен на инспирацијата – подарок за Скопје од dm дрогерие маркт
Следна статијаЕвропската инвестициска банка отвора претставништво во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.