Во време кога сите имаме повеќе онлајн сметки на разни сервиси, препорачливо е да лозинките за овие сервиси бидат различни и сложени, а не како некои од познатата листа на „123456“ лозинки и слични. За да може лозинките да бидат различни и сложени, а сепак сите да ги памтиме, најдобро е да се користи менаџер за лозинки.

Долго време го препорачувавме LastPass, но сега би го препорачале Bitwarden, со мало предупредување дека за разлика од повеќето други, овој менаџер нема пристап до главната лозинка, па доколку ја заборавите, нема да можете да пристапите до своите зачувани лозинки, но ова е и една од предностите на сервисот кога е во прашање приватноста.

Dropbox како едно од најголемите имиња во онлајн просторот за складирање на податоци и сервиси, има развиено свој менаџер, Dropbox Passwords, а без посебнa најава апликациите од него ги објави на Play Store и AppStore.

Иако тие може да се симнат, кога ќе се најавите со вашата Dropbox сметка, ќе бидете известени дека сервисот функционира по покана, односно уште е во тест фаза.

Од тоа што сепак може да се види, сервисот ќе ги нуди класичните можности за чување на лозинки, нивно синхронизирање на различни уреди, пополнување на полињата за најава на веб страните и апликациите, а исто така ќе биде шифриран и Dropbox нема да има пристап до главната лозинка на корисникот.

Dropbox уште нема објавено официјални информации за Dropbox Passwords, па не знаеме кога ќе стане официјално достапен и дали ќе им биде достапен на сите или само на корисниците кои плаќаат за Dropbox и слично.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаМожноста за контрола на музиката на телефонот преку Your Phone апликацијата достапна за сите корисници
Следна статијаSony го прикажа PlayStation 5 со целосно нов дизајн и листа на ексклузивни игри
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.