Фото: Shutterstock.com

Adobe започна со тестирање на бесплатна верзија од Photoshop која ќе работи целосно преку интернет прелистувач. Оваа Photoshop веб апликација ќе ги има и дел од напредните функции од десктоп апликацијата, а планот е во иднина тие да се наплаќаат, додека бесплатни ќе останат основните функции.

За почеток Photoshop преку веб е достапна во Канада, објавуваат од The Verge, но се планира во иднина да им биде пуштена на сите корисници. Кога точно се планира да се направи тоа не е познато, но би требало да биде оваа година.

Целта на Adobe е да ги привлече корисниците кои се навикнати да ги користат бесплатните или доста поевтини конкуренти како Affinity Photo, GIMP, Pixelmator и слични.

Со овозможување на бесплатна верзија, иако преку веб, од Photoshop, корисниците ќе можат да ја пробаат оваа апликација и сите предности кои ги нуди, а од компанијата на тој начин се надеваат дека дел од тие корисници во иднина би се одлучиле да плаќаат.

Photoshop апликацијата може да се земе со месечна претплата, но таа е доста висока во споредба со другите, па на пример со само две месечни исплати, може да се купи целосната неограничена верзија од Affinity Photo.

Со оглед на тоа до кој степен се стигнати веб апликациите, интернет прелистувачите и компјутерите, функционирањето на Photoshop веб апликацијата нема нешто многу да се разликува од десктоп верзијата по перформанси.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаПреку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината
Следна статијаvivo го лансира новиот предводник во Европа, X80 Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.