Фото: Shutterstock.com

Нешто што се очекува дека нема да биде ретка појава, а има доста слични примери, се случи и кај познатиот сервис WeTransfer. Од компанијата објавија изменети Услови за Користење, во кои покрај другото, стои и дека содржината од датотеките на корисниците ќе може да се користи за подобрување на моделите за машинско учење. 

Иако во тој конкретен дел стои дека машинското учење е наменето за подобро откривање на забранета содржината во датотеките, сепак ова очекувано привлече големо внимание кај корисниците. 

Од тогаш од компанијата го тргнаа овој дел од Условите за Користење, кои треба да почнат да важат од 8 август, а објавија и статија преку која ја објаснуваат забуната која е настаната. 

Проблемот со ваквите и слични промени, е можноста да содржината се користи за тренирање на јазичните модели, а познато е колку огромни извори на содржината им се потребни на компаниите кои работат со вештачка интелигенција. 

WeTransfer се „обвинети“ дека со ваквите правила си оставаат простор да утре заработуваат преку давање пристап до содржината на корисниците, а посебно загрозени од ваквите политики се корисниците кои имаат важна и оригинална содржина. 

За слични практики веќе беа истакнати и компаниите како Adobe, Zoom, Slack, Dropbox и други, а јасно е дека во годините што следат проблемот со авторските права ќе стане уште поголем. 

ИЗВОРTNW
Претходна статијаМакедонија ќе ја претставуваат рекорден број млади спортисти на ЕМОФ Скопје 2025
Следна статијаApple пушти реклама за нивната „Clean Up“ функција во Photos, но подобро да не ја пуштеше
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.