Вештачката интелигенција станува се поголем дел од сите области, професионални и приватни, а јасно е дека ова ќе биде уште поточно во иднина. Овие алатки се очекува дека ќе ја подобрат ефикасноста на корисниците, но уште од почетокот можеме да прочитаме предупредувања за негативните страни.
Една од овие негативни страни е покажана во студија направена на доктори во Полска, дел од ACCEPT – Artificial Intelligence in Colonoscopy for Cancer Prevention клиничкото испитување.
Студијата е објавена во познатиот The Lancet, а резултатите може да се каже дека нема да ги изненадат голем број на луѓе.
Кратко кажано, оваа студија покажува дека докторите кои почнуваат да користат вештачка интелигенција при дијагностицирање, губат дел од својата способност да го прават истото без помош од ваквите алатки.
Студијата е направена помеѓу 8 септември 2021 и 9 март 2022 година. Споредбата е направена помеѓу три месеци пред и три месеци по интегрирањето на вештачката интелигенција, односно користењето од страна на докторите.
Направени се вкупно 1443 колоноскопии од страна на искусни доктори, односно студијата немала за цел да истражува каков ефект има ВИ на докторите кои само што почнале да работат.
Резултатот покажува 6% пад на способноста на докторите успешно да ги забележат потребните знаци кои укажуваат на канцер на цревата, по навикнување да користат помош од вештачката интелигенција.
Ваквиот резултат сигурно нема да ги изненади повеќето, а вакво нешто се случува уште пред појавата на вештачката интелигенција во оваа форма. Кратко кажано, користењето и унапредувањето на способноста е единствен начин за задржување и подобрување на знаењето на луѓето, па сега дефинитивно треба да се запрашаме каква иднина не чека.
Уште една студија ја покажува негативната страна на ВИ, каде користењето на ваквите алатки ја намалува ефикасноста и брзината на искусните програмери.