Фото: OpenAI

OpenAI ја претстави втората верзија од нивниот јазичен модел за генерирање на видео содржина, Sora 2, а овој пат од компанијата претставија и посебна апликација специјално за видеа. 

Sora е името на апликацијата и за почеток е достапна на iOS за корисниците кои имаат добиено покана, а пуштањето ќе оди постепено, меѓу другото и поради безбедносни причини, нешто на кое од компанијата даваат посебно внимание, наводно. 

Од OpenAI истакнуваат дека Sora 2 овозможува многу физички поточни видеа, кои се исто така и повеќе реалистични, а овозможуваат и поголема контрола на што е тоа што ќе биде дел од видеото. 

Веќе може да се видат повеќе видеа направени од Сем Алтман, директорот на OpenAI, а како што имаме видено и од конкурентните модели, видеата обично се од некои интересни сценарија смислени од корисниците. 

Sora 2, како и апликацијата Sora, овозможуваат корисниците да внесат слики кои ќе бидат претворени во видео, а тоа посебно станува интересно кога се користат слики од себе. 

Видеата може да бидат и од веќе направени видеа каде ликовите се менуваа со тоа што би сакал корисникот, вклучувајќи и од замена на ликовите со себе или пријателите. 

Претходна статијаЕден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Удине, Италија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.