По најавата дека OpenAI ја купува стартап компанијата на Џони Ајв, io, со што ќе се зголеми придонесот на Ајв кон работата на OpenAI, се потврди и работата на нов уред кој треба да биде претставен идната година.
Очекувано веднаш започнаа претпоставките за тоа каков би бил тој уред, а во главно се очекуваше дека ќе биде уред кој се носи и работи на основа на вештачката интелигенција.
Иако веќе видовме два слични обиди на пазарот кои доста лошо пропаднаа, сепак можеби кога зад развојот ќе стојат доста пари и име како Џони Ајв, работите би биле поуспешни.
Сепак, изгледа дека уредот на кој работат од компанијата не е баш таков, а информацијата е откриена во судски документи поради тужбата која беше поднесена за користењето на името io од страна на компанијата iyO.
Информацијата е објавена поради тоа што iyO работат на слушалки со вештачка интелигенција, па од io мораа да се одбранат со тврдењето дека нивниот уред не е во категоријата на уреди кои се носат.
Тоа што знаеме е дека уредот се очекува дека ќе биде таканаречен трет суштински уред, односно уште еден уред без кој корисниците не би можеле, како што сега е случајот со телефоните и компјутерите.
Корисниците наводно ќе можат да го носат овој уред со нив, да го чуваат на бирото и слично, а тој очекувано би бил свесен за околината и ќе може да се контролира преку гласовни команди.
Според еден читател на 9to5Mac, уредот на којшто работат од OpenAI е паметно пенкало, па ќе видиме што точно ќе биде претставено идната година.