Фото: Depositphotos

OpenAI минатата недела го претстави нивниот најнов јазичен модел, GPT-5. Овој модел треба да донесе доста големи подобрувања од претходните верзии, подобрувања кај брзината на одговорите, разбирањето на корисниците, точноста, како и во генералната способност. 

Кратко кажано, овој модел треба да е подобар од претходните и тоа треба да е очигледно, а од тестирањата кои може да се видат, ова тврдење навистина е точно. 

Сепак, нешто што е стандардно кога се пушта нова и поразлична верзија од нешто, секогаш има одреден број на корисници кои се навикнати на претходната верзија и реагираат негативно. 

Негативните реакции кои ги имаше на повеќе платформи не се однесуваат на брзината и точноста на GPT-5, туку на начинот на којшто одговара моделот, односно стилот. Доста корисници се навикнале на GPT-4o и повеќе пријатниот начин на одговори кои ги дава. 

Поради тоа, OpenAI ќе ја врати можноста за избор на овој јазичен модел за претплатниците на ChatGPT, па тие ќе имаат можност одреден период да бираат кој модел да го користат. 

Ова покажува колку луѓе изгледа не ги разбираат баш целосно јазичните модели и „четботовите“, па наместо да ги гледаат како алатки кои треба да им дадат брз и точен одговор, тие гледаат на нив како личности и го ценат нивниот однос. 

Може да се најдат повеќе текстови на оваа тема, односно колку луѓето се поврзуваат со „четботовите“, па ова во иднина може да претставува и проблем. 

Претходна статија20 години Proxiad SEE: Две децении раст, иновации и доверба
Следна статијаКорисник поднесе тужба против Microsoft поради завршувањето на поддршката за Windows 10
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.