Фото: OpenAI

ChatGPT доби доста новини изминатиот период, па од OpenAI сега најавија и апликации во овој „четбот“. За почеток од компанијата претставија неколку апликации во соработка со нивните партнери, но со достапноста на новата Apps SDK алатка, сите ќе можат да ги поврзат нивните сервиси со ChatGPT. 

Апликациите во ChatGPT во основа претставуваат можност за директно поврзување со некоја од познатите веб страни, на пример, со цел да се побара извршување на некоја активност. 

Една од првите апликации е таа од Booking.com, па корисниците ќе можат директно преку ChatGPT да побараат листа на слободни места за сместување. Веднаш може да се види колку би биле корисни овие нови апликации, па наместо корисникот да бара самиот на Booking.com, ChatGPT ќе ги пронајде најдобрите места според барањата на корисникот. 

За почеток, покрај Booking.com, достапни се апликации од Canva, Coursera, Expedia, Figma, Spotify и Zillow. 

Апликациите ќе им бидат достапни на сите видови на корисници на ChatGPT, а достапноста секако ќе зависи и од самиот сервис.

ИЗВОРOpenAI
Претходна статијаРазговорите со Meta AI ќе почнат да се користат за прилагодување на содржината која ја гледа корисникот на Facebook и Instagram
Следна статијаMicrosoft ќе ја тргне можноста за инсталација на Windows 11 без најава со Microsoft сметка
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.